Венгер се понуди на Баерн Минхен: Секако дека би сакал да го водам овој тим….


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен пред два дена остана без Нико Ковач кој доби отказ по лошиот старт на сезоната.

Сега во јавноста се споменуваат имињата на тренерите кои би можеле да го наследат Хрватот, а едно од нив е и името на легендарниот Арсен Венгер.

Баерн Минхен веќе доби „корпа“ од Масимилијано Алегри и Ерик Тен Хаг, додека Арсен Венгер посочи дека би сакал да го води тимот од Германија. Запрашан дали би започнал преговори со баварците, Венгер одговори:

„Секако дека да. Тренирањето ми беше цел мој живот до пред одреден период. Секој кој бил тренер ќе ви го каже истото, ми недостига интензитетот на натпреварите. Па, секако дека би  бил заинтересиран, бев одговорен за тимови од 33 години, а водев клубови до 69 години. Тоа се 36 години работење без престан“ –изјави Венгер.