Вилијамс го претстави новиот болид за Ф1 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Вилијамс го претстави новиот болид за следната сезона во Формула 1, која наскоро ќе почне, а досега новиот изглед на автомобилите го покажаа и Хас, Астон вила, Мекларен, Ред Бул и Алфа Таури.

Вилијамс е еден од тимовите кои се најдолго на патеката во Ф1, а познато е дека се едни од ретките успешни приватни тимови кои се натпреваруваат во „најбрзиот циркус“.

Оваа година нè чека промена на правилата во аеродинамиката, па со самото тоа имаме и промени на изгледот на болидот во Ф1.

Вилијамс реши да ја задржи сината боја која е доминантна на болидот, а останува да видиме колку ќе бидат успешни во новата сезона.