Вујовиќ: Вардар секогаш игра добро против Пик Сегед, време е да прекинеме со порази!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар следните два натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ) ги игра против Пик Сегед.

Првиот меч е закажан за четврток, додека реваншот се игра во Скопје на 25 ноември, а тренерот Веселин Вујовиќ го најави двомчеот.

„Продолжува Лигата на шампионите после ЕХФ паузата и настапите за репрезентациите. Сите сме заедно, сите сме здрави што е најважно. Играме против ПИК Сегед, познат противник, една од најдобрите екипи во Европа. Ова е натпревар како да играме некој бараж, затоа што играме прво на гости, па веднаш дома после седум дома. Ќе видиме како ќе се одвиваат двата натпревари. Вардар е спремен, јас веќе кажав дека мораме да ја прекинеме серијата порази. Вардар по традиција игра добро во Сегедин и се надеваме дека и овој пат ќе биде така“, кажа Вујовиќ.

Вардар се наоѓа во ужасна форма и има три порази по ред од Алборг, Монпелје и Кил.