„Жал ми е, тие работи ги работев несвесно“

Германскиот селектор Јоаким Лев се огласи поради грозните работи кои ги работеше во текот на натпреварот против Украина.

Камерите Лев го уловија како ги пика рацете во ѓаќите и ги мириса прстите.

Поради тоа беше на удар на критики, а не му е ова прв пат да прави такви гадости.

„Ќе пробам да се однесувам подруго во иднина. Ги видов сликите, очигледно некои работи понекогаш ги работите несвесно. Тоа се случи и навистина ми е жал“, изјави Лев.

Лев, за тоа зборуваше во преспрет на мечот со Полска, а Лукас Подолски застана во негова одбрана, изјавувајќи дека „сите понекогаш правиме такви работи“.