Жиру му одговори на Бензема и го удри каде што најмногу боли!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карим Бензема пред неколку дена кажа дека не може да се спореди со Оливие Жиру затоа што тој е како Формула 1, а напаѓачот на Челси како картинг.

Од тогаш сите со нетрпение чекаа одговор со Жиру, кој очигледно го навредија зборовите на неговиот сонародник и напаѓач на Реал Мадрид.

Во разговор за француските медиуми Жиру го удри Бензема каде што најмногу боли со оглед на тоа дека тој не беше член на Франција, која го освои Светското првенство во Русија.

„Некои велат дека не може да се споредат Формула 1 и картинг, но само сакам да кажам дека сум светски шамион што не е лошо за некој кој е картинг“, кажа Жиру.

Бензема не игра за Франција од 2015 година затоа што го уценуваше Матје Валбуена со видео-снимка.