Алегри избра тим за Монако

Јувентус вечерва на свој терен ќе го дочека Монако против кој ќе бара пласман во финале на ЛШ.

Италијанскиот шампион во првиот натпревар со головите на Игуаин победи со 2:0 и се наоѓа на најдобар пат да избори пласман во финале.

Тренерот на Јувентус поради ова избра 22 фудбалери кои се пријавени за натпреварот со Монако.

Јувентус – Буфон, Нето, Киелини, Бенатија, Сандро, Матиело, Барзаљи, Бонучи, Алвеш, Лихштајнер, Кедира, Маркизио, Лемина, Асамоа, Стураро, Ринкон, Квадрадо, Игуаин, Манџукиќ и Дибала.

Натпреварот се игра со почеток од 20:45.