Ливерпул фаворит за потписот на играчот на Барселона

Фудбалерот на Барселона, Малком ќе биде примарна трансфер цел на Ливерпул за летниот преоден рок.

Бразилскиот интернационалец оваа сезона имаше само 124 минути во Ла Лига и воопшто не се наметна како стандарден избор за тимот на Барселона.

„Ле10Спорт“ пишува дека Ливерпул ќе го донесе Малком како алтернатива за најдобриот играч на клубот, Мохамед Салах.