Луис Хамилтон триумфираше на трката за Големата Награда на Франција

Британскиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон заврши прв на целта на патеката Пол Рихард во Франција, трка која се возеше за прв пат по 1990 година.

Хамилтон стартуваше одлично и имаше среќа на почетокот на трката затоа што не учествуваше во судирот помеѓу второпласираниот Ботас и третопласираниот Фетел. Поради овој судир Германецот доби казна од пет секунди, а на крајот трката ја заврши на петтата позиција.

Втор патеката ја помина младиот Макс Ферстапен, додека подиумот го комплетираше Кими Раиконен.

Со оваа победа Хамилтон се врати на првата позиција и сега има 14 бодови повеќе во однос на Себастијан Фетел кој ќе се обиде да се врати на врвот веќе следната недела за кога е закажана трката за Големата Награда на Австрија која ќе се води на „Ред Бул Ринг“.