„Мислам дека Балотели повеќе нема да има ништо со нас!“

Италијанскиот играч Балотели во последно време се почесто седи на клупата, отколку што игра во првиот тим.

Тој повторно направил нешто, а деталите ги откри Валетин.

Тој неодамна изјави дека Балотели мора малку повеќе да гледа на групната работа и да работи напорно.

Истиот фудбалер по денешното реми против Рен беше прашан за Балотели.

„Жал ми е, но бев искрен минатиот пат. Ја кажав вистината. Штета е што го изгуби паметот, секој дена го гледам на тренинг. Тој е одличен играч. Мислам дека тој не сака да има ништо со нас. Тоа е разочарување. Навистина би ни дошла добро неговата помош.“

Балотели оваа сезона постигна 9 голови на 13 натпревари.