Официјално: Челси го донесе првото засилување!

Челси потврди дека денес одлучиле на „Стемфорд Бриџ“ да го вратат младиот Нејтан Аке од позајмица.

Со своите игри тој го натера Конте да го врати во тимот, а клубот потврди дека Аке се вратил од позајмица.

Младиот фудбалер со своите игри ја воодушеви англиската јавност, а многумина велат дека тој е новиот Руд Гулит.

Овој 21-годишен фудбалер игра во одбраната, па Конте верува дека тој одлично ќе се вклопи во неговиот 3-4-3 систем.

„Нејтан Аке се врати од позајмица од Бурнмут.“

Аке оваа сезона во Бурнмут одигра 12 натпревари и успеа да постигне 3 голови.