Фетел се удри во ѕид – Ферари мораше да ги откаже тестовите

Германскиот возач во болидот на Ферари, Фетел доживеа многу незгоден инцидент на тестирањето на гумите за дожд.

Беше тоа во Италија на приватната патека на Ферари, а Фетел имаше задача да тестира нови гуми за дожд.

Тестирањето не одеше како што треба затоа што Германецот во еден момент се удри во ѕидот.

За среќа, со Фетел се е во ред и тој помина без повреди.