Сасуоло на колена втор пат од Генк

December 9th, 2016 | by stefan
Сасуоло на колена втор пат од Генк
Лига Европа
0

Одложениот натпревар поради маглата вчера се одигра денес, а Генк славеше на гости против Сасуоло со 0:2.

Фудбалерот на Генк, Самата во првото полувреме пропушти огромна шанса за погодок кога од блиску шутираше непрецизно. Хејнен во 58-ма минута му донесе водство на Генк. Неколку минути подоцна голманот на Сасуоло го спаси италијанскиот клуб од примање на втор погодок по шутот Карелис. Мацители можеше да израмни, но ја погоди пречката. Десет минути пред крајот на натпреварот Тросард му ја обезбеди победата на Генк и првата позиција во групата.

Белгискиот клуб се пласира понатаму, а Сасуоло беше елиминиран како последен во групата.

 

Comments are closed.

I Like SuperSport
Или почекајте 20 секунди