Многу тажна судбина: Тежок е патот до ѕвездите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со доаѓањето на Конте во Челси, Виктор Мозес стана важен дел од тимот во Лондон.

Англиските медиуми открија на јавноста детали од неговиот живот кои ја потресоа јавноста, поради трагедијата која му се случи на неговото семејство во 2002 година.

Неговите родители беа убиени во нивната куќа од страна на терористичка група во нивната родна земја, Нигерија. Мозес тогаш имаше 12 години, а за него продолжил да се грижи неговиот вујко.

Во време на нападот Мозес, како и сите останати деца играле на улицата и сонувал дека еден ден ќе стане тоа што е во моментов. Вујко му го однел Мозес во Англија и побарал азил.

Примен бил од едно семејство кое се грижело за него, па потоа заиграл во Космос 90. Екипата била најлоша во младинска конкуренција до доаѓањето на Мозес кој на првиот натпревар постигнал дури 8 голови.

Трагедијата која му се случила додека бил мал не го спречила да стане ѕвезда во ПЛ и да ги оствари своите соништа.