„Меси направи нешто што може да се направи само на Плејстејшн“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голема мајсторија на Лионел Меси во натпреварот против Еспањол при вториот гол, кој го постигна Луис Суарез.

Аргентинецот помина низ половина тим на Еспањол, но противничкиот голман Роберто му го одбрани ударот, а на вистинско место се најде Суарез кој погоди за 2:0.

Уругварецот го пофали Меси по фантастичната партија.

„Би сакал тој да постигне гол по акцијата. Се изгледаше како на Плејстејшн. Тој е единствен.“

Уругваецот постигна 2 голови во овој натпревари, односно му асистираше на Меси за 4-от гол на Барселона.