Шумахер јуниор се поблиску до Ф1: Мик премина во повисоко категорија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синот на Михаел Шумахер ќе настапува во Ф1 од наредната сезона со екипата на Прем Пауертим.

Мик Шумахер оваа сезона се натпреваруваше во Ф4, исто така во тој тим, а заврши на 2-ро место со 15 бодови помалку од Маркос Сиеберта.

Исто така, Мик настапуваше и во АДАК Ф4, каде заврши втор во генералниот пласман зад Австралиецот Џои Моусон.

Иако не освои титула, Мик покажа брзина и зрелост за повисок ранг на натпреварување, од кој возачите понекогаш влегуваат директно во Ф1. Најнов пример е Ланс Строл кој во 2016-та година стана шампион и потпиша договор со Вилијамс за 2017.

Претходно Макс Верстапен во 2014-та година заврши 3 зад шампионот Оком и Бломквист, па во 2015 дебитираше за Торо Росо.

„Ф3 за мене е идеален чекор напред и целосно сум загреан за новата сезона.“

„Исто така, многу сум среќен што останува со тимот на Прем бидејќи станува збор за професионален тим со кој повторно многу ќе научам.“

„Идната сезона сигурно ќе биде предизвик, но тестовите кои минатите недели ги имав покажуваат дека Ф3 болидите се забавни за возење. Не можам да дочекам да започне новата сезона.“

Тимски колеги на Шумахер ќе му бидат Калум Илион и Гуан Жу Жоу, а Германецот на 22 март ќе наполни 18 години.