Судот ја кажа пресудата по 10 години: Го обвини Златан за допинг, а сега се кае!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот член на Шведска, Улф Карлсон пред 10 години го обвини Ибра дека прима допинг.

Карлсон по отказот од Шведска одлучи да каже некои информации, а една од нив беше дека Ибра прима допинг.

Тоа беше во времето кога овој играч  играше во Јувентус. Ибра веднаш ги демантираше овие изјави и одлучи да го тужи Карлсон.

Овој случај заврши и на судот во Шведска, а денес доби конечен епилог.

Судот одлучи дека обвиненијата на Карлсон се лажни и дека нема вистина во тоа дека Ибра земал допинг.

Исто така, Карлсон мора да плати на Ибра 2.500 евра  поради овие лажни обвиненија.

Ибра не сакаше да ја коментира пресудата која ја донесе судот, туку кратко кажа дека правдата била задоволена по повеќе од 10 години чекање.