По најавата за заминување: Гигант испрати официјална понуда за Димитри Паје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот тренер Билиќ вчера изјави дека Паје не сака да игра повеќе за тимот.

Тој е најдобар играч во Вест Хем и наводно е незадоволен со играта на својот тим во ПЛ, па сака да си замине.

Некои извори велат дека Паје нема да игра воопшто во тимот на Вест Хем доколку не му обезбедат трансфер.

Од друга страна, Вест Хем се надева дека тој може да остане барем до крајот на сезоната.

Исто така, најновите информации велат дека стигнала и официјална понуда за овој фудбалер и тоа од Марсеј вредна 19.1 милиони фунти, но таа била одбиена.

Да потсетиме, Паје има договор со Вест Хем до 2021 година, а оваа сезона одигра 18 натпревари и постигна 2 голови и 7 асистенции.