Не сакаш да играш? Казна 250.000 фунти!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишувавме и вчера, првата ѕвезда на Вест Хем, Димитри Паје одби да игра за овој тим, бидејќи сака трансфер, а тоа го потврди и Билиќ.

Со оглед на тоа дека Вест Хем е сериозен тим кој се натпреварува во ПЛ, требаше да се очекува дека тој нема да прифати вакви изјави, па затоа го казни својот играч.

Англиските медиуми пренесуваат вест дека Вест Хем го казниле овој фудбалер и тоа со 250.000 фунти затоа што не сака да игра за тимот.

Со ова ситуацијата се влоши дополнително, па Паје сигурно нема толку лесно да замине од тимот и Вест Хем практично може да му го уништи животот и кариерата.

Да потсетиме дека Вест Хем одби понуда за Паје во висина од 19.1 милион фунти од Марсеј.

Паје во кариерата играше уште за Нант, Сент Етјен, Лил и Марсеј.