Легендата продолжува да живее – Верон заигра на 42 години за Естудијантес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Хуан Себастијан Верон вчера повторно заигра за Естудијантес, клуб во кој ја започна богатата кариера.

Тие играа со Бахи во Флорида купот и победија со 1:0, а искусниот Верон го започна натпреварот од првата минута.

Тој за заврши кариерата во 2014 година, но на крајот на минатата година одлучи да се врати во светот на фудбалот.

Верон во овој клуб ја започна кариерата во 1994 година, а подоцна играше за Бока Јуниорс, Лацио, Парма, Манчестер Јунајтед, Интер, Сампдорија и Челси.