Адвокат останува без тренерска лиценца!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Србија може да остане без тренерска лиценца.

Според правилата на ФС на Холандија, Дик Адвокат би можел да остане без тренерска лиценца бидејќи не учествувал на различни конференции и семинари, кои ги организира тој сојуз.

„Такви се правилата, во разговори сме со Сојузот да се смени нешто, но постојаната обука е многу важна. Неопходно е доживотно учење, сакаме нашите тренери да бидат и понатаму добри.“

Адвокат смета дека не е можно да работи во Фенербахче и да присуствува на тие обврски во Холандија.

„Немам време да се посветам на тие работи. Како е можно да ја изгубам лиценцата, па не живееме во среден век. Невозможно е да се води тим во странство и да се занимава со други работи во својата земја.“