Збогување со Јувентус – Алегри има клуб во Премиер лига?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Призна дека учи англиски, но не и дека ќе замине. Договорот со Јувентус зависи од ЛШ. Во клубот велат дека не го менуваат тренерот, но контакти  се веќе остварени.

Алегри има договор со Јувентус до 2018 година, но нема да остане во клубот, ако не го продолжи.

Тој не сака да му се повтори ситуацијата со Милан, кога во последната година беше оставен на милост и немилост на Берлускони.

Од Јувентус изјавија дека не ги разбираат приказните за промена на тренерот, но дека нов договор не му понудиле, а тоа ќе зависи од ЛШ.

Тој учи англиски и тоа го потврди, но од друга страна кажа дека не размислува за ПЛ.

Некои извори велат дека тој има клуб за наредната сезона. Според тие информации, Тотенхем веќе стапил во контакт со Италијанецот.

Очигледно тие се одлучиле на тој потег откако се појавија шпекулации дека Покетино ќе биде нов тренер на Барселона, ако замине Енрике.

Во секој случај, во Јуве влезе некоја нервоза по 4 порази во гости оваа сезона, а тие и понатаму се први, но далеку од тоа како би требало да играат.