Неблагодарните навивачи му испратија лоша порака на Роналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер во светот за 2016 година, Роналдо ги разочара сите во натпреварот против Селта.

Реал беше поразен во првиот натпревар од купот на домашен терен со 2:1 од Селта и еден од најлошите на теренот беше Роналдо.

Лошите игри против нив ги налути навивачите кои му замерија на Роналдо.

Тие по натпреварот му рекле да си замине во Кина, па да игра таму за пари. Можеби Роналдо после се не заслужи вакви навреди и критики поради еден лош натпревар, но навивачите едноставно немаат трпение.

Роналдо за Реал Мадрид игра од 2009 година и има одиграно 249 натпревари и постигнати 272 голови, а претходно играше за Спортинг и за Манчестер Јунајтед.