Аднан Јанузај ќе ја менува репрезентацијата?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Аднан Јанузај поднесе барање за да ја смени репрезентацијата.

Овој фудбалер на Јунајтед, кој игра на позајмица во Сандерленд, наводно одлучил во иднина да настапува за Косово, наместо Белгија која ја претставуваше досега.

Наводно, 21-годишниот фудбалер поднесе барање до ФИФА за промена на државјанството и раководството на ФИФА ја разгледува неговата одлука.

Јанузај досега одигра 6 натпревари за Белгија. Сепак, со оглед на големата конкуренција во оваа селекција повици повеќе не добива и овој фудбалер одлучи во иднина да ја претставува земјата на своите родители.

Аднан Јанузај е роден во Брисел, а таму играше за младите тимови на Брисел и Андерлехт, а како 16-годишен играч замине во Јунајтед.

Од него многу се очекуваше, но никогаш не го дочека својот момент на слава.

Вкупно во текот на кариерата одигра 63 натпревари за Јунајтед, а постигна и 5 голови.