Нов Варди и клаузула која ќе му донесе 750.000 евра – Недостига само потпис за овој клуб!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еве зошто Скот Хоган сонува Вест Хем конечно да се договорат со Брентфорд.

Многу работи се случуваа минатите недели за потенцијалниот трансфер на Скот во Вест Хем. Од тогаш беше договорено се со Брентфорд и овој играч носеше прекар „новиот Варди“, а во моментов се појавуваат и нови детали.

Пред се, тоа е дека 30% од неговиот трансфер ќе заминат кај Рочдејл, поранешниот клуб на Хоган.

А потоа и дека клубовите се на праг да направат трансфер кој ќе изнесува 15 милиони евра.

Освен тоа, Хоган во својот договор има клаузула која ќе му донесе голема заработка. Кога преминуваше од Рочдејл во Брентфорд, Хоган имаше и клаузула која вели дека од идниот трансфер тој ќе заработи 5%.

Тоа значи дека ако трансферот изнесува 15 милиони евра, тој ќе добие дополнителни 750.000 евра.