„Нејмар технички е подобар од Роналдо“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите на сите времиња, Пеле ги спореди квалитетите на Роналдо и Нејмар.

Според Пеле, Нејмар е подобар од Кристијано, но…

„Технички е подобар Нејмар, но Роналдо игра подобро со глава. Единствен проблем кај Нејмар е тој што нема игра со глава. Не го гледате често да игра со глава, па тоа му дава предност на Роналдо.“

Нејмар често се гледа како наследник на Роналдо и Меси кои доминираат.

Сепак, Нејмар оваа сезона не е успешен како претходно. Тој на 16 натпревари постигна 5 голови и 6 асистенции.

Неговите соиграчи Суарез и Меси беа многу подобри, па Уругваецот постигна 16 голови, а Аргентинецот постигна 15 голови.