„Жалиме поради насилството врз навивачите на Лајпциг“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубот од Дортмунд се огласи по повод насилствата кои се случија пред почеток на натпреварот.

Фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд соопшти дека длабоко жали поради насилството врз навивачите на Лајпциг.

Хулиганите ги гаѓаа навивачите со шишиња и камења.

„Се на се, екстремното насилство и подготвеност на насилство против гостите беше присутно кај навивачите на Дортмунд. Ова беше насочено на било која личност која може да се идентификува како навивач на Лајпциг.“

Борусија соопшти дека длабоко жали, како и дека работи со полицијата на решавање на овие проблеми.