Турчинот ги отфрли шпекулациите – Челси ќе си ја бара среќата на друго место!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хакан Чаланоглу одлучи јавно да ги демантира шпекулациите за своето преминување во Челси.

Според медиумите, Чаланоглу дал изјава дека од наредната недела ќе настапува за Челси, но на крајот тоа излезе како лага.

„Ништо не сум зборувал за Челси кога давав интервју, а во последно време дури не сум разговарал ниту со турски новинар, ниту за плановите за иднината.“

Хакан оваа сезона одигра 14 натпревари за Баер, а минатата недела доби 4-месечна суспензија поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Дали од наредната сезона ќе игра за Баер, Челси или некој трет клуб, ќе покаже времето.