Тешка победа против Лас Палмас – Кореа ја остави Севиља во борбата за титула (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Севиља на гости го победија Лас Палмас минимално во натпревар од 22-ро коло во Ла Лига, 0:1.

Меса се закани посериозно по голот на Рико, но голманот на Севиља спречи топката да влезе во голот. Севиља преку Васкез имаше шанса за погодок пред крајот на првото полувреме кој шутираше непрецизно.

Рико во второто полувреме фантастично бранеше. Ги одбрани ударите на Симон и Боатенг. Десет минути пред крајот на натпреварот Хоакин Кореа на асистенција на Ибора му донесе водство и победа на Севиља.

Севиља после денешната победа има два бода помалку од второпласираната Барселона и три помалку од лидерот Реал Мадрид. Кралскиот клуб има два натпревари помалку.