Бизарна причина за пропаѓањето на трансферот на Роналдо во Јувентус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот спортски директор на Јувентус, Ди Марцио откри дека Јувентус сакал во 2002 година да го донесе фудбалерот во свои редови.

Меѓутоа, трансферот го расипал Марсело Салас. Тогашниот играч на Јувентус не сакал да биде дел од замената на Јувентус и Спортинг Лисабон, каде што играше Роналдо.

„Имаше 17 години кога работев за Јувентус. Отидов во Лисабон да го гледам Кварезма, но го забележав Роналдо. Ја повикав управата и им кажав дека видов подобар фудбалер. Почнавме преговори во 2002 година, но поради неколку милиони евра Салас одби да биде дел од размената.“

Интересно, натпреварот против Белененсес кој го гледал Ди Марцио, беше трет за Роналдо.

Една година подоцна Јунајтед го донесе Роналдо во тимот. Се останато е историја. Роналдо стана еден од најдобрите на сите времиња и сигурно дека Јувентус жали што не го донел во свои редови.