Јуве доби голема конкуренција во трката за Санчез, позната и понудата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чилеанецот ќе биде „златна кокошка“ во наредниот преоден рок.

Најдобриот играч на Арсенал Алексис Санчез судејќи според се ќе биде прва ѕвезда на летниот преоден рок.

Не е тајна дека Чилеанецот е најголема желба на челниците на Јувентус, го сака и Атлетико Мадрид, а сега во трка влезе и Интер.

Како што пренесува Кориере дело Спорт, Интер е сериозен кандидат во оваа трка, поради тоа што е спремен да издвои 50 милиони евра, година дена пред истекот на договорот на Санчез.

Чилеанецот размислува со потписот на нов договор, навивачите на Арсенал стравуваат дека тоа нема да го направи, што во овој момент и понатака делува како најреален исход.

Во тој случај, Арсенал ќе биде приморан да го продаде во ова лето со цел да заработи од неговиот трансфер, што сака да го искористат Јувентус, Интер и Атлетико Мадрид.

Јасно е дека на Интер е преку потребен еден офанзивец од светска класа ако во наредната сезона сака конечно да се избори за титула.

Останува само прашање е дали проектот на миланскиот тим ќе го привлече Санчез…