Пресврт во Челси – Диего Коста слави за плата на соништата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диего Коста ќе стане најплатен фудбалер на Челси.

Според медиумите од Англија, постигнато е договор помеѓу Челси и Коста и најдобриот стрелец на Челси ќе го продолжи договорот.

Конте не сакаше да го пушти Коста во Кина, а сега е среќен што тој ќе биде на располагање најверојатно и наредната сезона.

Медиумите пишуваат дека Коста ќе заработува околу 220.000 фунти неделно и на крајот ќе има бонус.

Претходно медиумите објавија дека Коста од лето за 30 милиони годишно ќе настапува за кинески клуб, но сега добиваме поинаква приказна, а и самиот Коста неодамна го демантираше заминувањето од Челси.