„Венгер ќе најде начин да се извлече!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Баерн, Карло Анчелоти остана мирен по големиот триумф против Арсенал во првиот натпревар од 1/8-финалето во ЛШ.

Шампионот на Германија го победи Арсенал со 5:1.

„Одигравме добар натпревар. Водевме, а Арсенал успеа да израмни и во првото полувреме имавме проблеми. По паузата се функционираше како часовник. Најдовме рамнотежа. Многу ми е мило поради моите момци.“

Италијанецот вели дека Арсенал никогаш не треба да го отпишете.

„Тие се секогаш опасни, особено во контра-напади. Во второто полувреме физички бевме многу подобри и мислам дека овој детал беше пресуден до дојдеме до големата предност. Венгер ќе најде начин да излезе од оваа тешка ситуација.“

Не сакаше Анчелоти да каже дали неговиот тим бил најдобар оваа сезона.

„Одигравме добар натпревар, а јас не можам да кажам дали овој натпревар бил најдобар или не.“

<iframe width=”769″ height=”433″ src=”https://www.youtube.com/embed/irAofzVBaMw” frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>