Дали ќе биде прифатен предлогот – Бејли му препорача играч на Мурињо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Манчестер Јунајтед, Ерик Бејли му препорача играч на Мурињо.

Станува збор за Франк Кеси, кој игра одлично оваа сезона.

Одличниот 20-годишен фудбалер привлече големо внимание.

Ерик Бејли сака да го види во тимот и му даде препорака на Мурињо да го донесе.

Наводно Мурињо веќе испрати скаути да го гледаат младиот фудбалер.

Јасно е дека Манчестер ќе биде вклучен во неговото донесување, а тоа го потврдија и извори блиски до тимот.

„Бејли го препорача Кеси. Сметаме дека тоа би можел да биде новиот Јаја Туре. Веќе ги гледавме неговите натпревари и веројатно ќе го донесеме во лето.“

Кеси е член на Аталанта и стигна од Стела Клуб, а минатата сезона играше на позајмица во Чезена.