„Арсенал? Почнав да учам англиски…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Алегри во последно време се почесто се поврзува со Арсенал.

Арсенал ниту оваа сезона не игра добро, па медиумите пишуваат дека тимот бара замена за Венгер.

Сепак, тешко е да се поверува дека Алегри ќе го напушти Јувентус и ќе премина во Арсенал, а за тоа зборува и неговата шега.

„Каков ми е англискиот? Почнав да го учам пред да го превземам Милан, но потоа престанав. Тие велат дека одам во Арсенал? Сите тоа го зборуваат, а јас само слушам.“

Да потсетиме, Алегри го превзема Јувентус во 2014-та година, а претходно го водеше Милан 4 години.