„Во преговори сме околу нови трансфери“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јирген Клоп зборуваше за медиумите во Ливерпул за потенцијалните засилувања за наредната сезона.

Екипата на Ливерпул се наоѓа на мини подготовки во Шпанија, а дури на 27 февруари ќе го одиграат следниот натпревар во првенството и тоа против шампионот Лестер.

Јирген Клоп за Ливерпул ехо зборуваше за п отенцијалните засилувања, истакна дека преговори се водат, но дека се далеку од завршна фаза.

„Во преговори сме со различни луѓе, играчи, менаџери…

На пат сме да одиграме добра работа на пазарот. Сигурен сум дека ќе имаме многу силен тим. Веќе сега имаме силен тим и уште неколку играчи тоа ќе изгледа уште подобро“, рече Јирген Клоп.

Ливерпул ехо пишува дека прва мета е Јулијан Брандт, крилен играч на Леверкузен и еден од најдобрите млади фудбалери на Германија.