Дефинитивно заминува од Мадрид – Мората го откри новиот клуб!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Реал, Алваро Мората постојано се поврзува со големи гиганти.

Зидан во досегашниот дел од сезоната имаше многу доверба во Бензема, па Мората имаше улога на втор напаѓач.

Оваа улога за него не е доволна, па тој ќе заминува од тимот.

Наводно се знае и новата средина. Тој би можел да го засили тимот на Челси, а Мората е главна желба на Конте.

Медиумите тврдат дека Челси ќе плати 50 милиони фунти за Мората, колку што Реал бара за него.

Наводно одличниот напаѓач се чувствува предаден од Зидан, кој не сака да го изгуби него на крајот на сезоната.

За да му докаже дека сеуште му верува, тој му даде шанса против Еспањол, а овој му го врати тоа на најдобар можен начин и го постигна првиот гол во победата од 2:0.

Оваа сезона тој има постигнато 11 голови во 29 одиграни натпревари.