Ова е понудата на Реал за Дибала и е навистина непристојна!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинецот ќе го продолжи договорот, но шпанските ѕверови се сеуште на вратите на Јувентус.

Флорентино Перез не се откажува лесно.

Пауло Дибала е прва цел на Реал Мадрид, но тој би требало да потпише нов договор со Јувентус.

Досега заработуваше по 2 милиони по сезона, сега се дури 7, а тоа ќе го израмни со Игуаин.

Но во Италија тврдат дека не е крај на приказната, бидејќи Реал Мадрид наводно има адути да го убеди Јувентус.

Станува збор за Иско и Мората кои би можеле да бидат дел од договорот.

Перез би се согласил да го испрати и Дани и Родригез, но за нив двајца Јуве, сепак не е толку заинтересиран.

Тие сакаат да се врати Алваро мората, а Иско им е желба одамна.

Тешко може да се верува дека по Погба, Јуве ќе го продаде и Дибала.