Две имиња останаа во трка за тренер на Лестер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот шампион на Англија, Лестер бара нов тренер.

Раководството на тимот пред неколку денови му даде отказ на Раниери, а улогата на привремен тренер ќе ја има Шекспир.

Многумина тренери се поврзуваат со работата во тимот, а медиумите тврдат дека само 2 имаат големи шанси.

Манчини или Хидинк би можеле да седнат на клупата на Лестер.

Манчини претходно го водеше тимот на Интер, а претходно го водеше и Сити со кој освои титула во ПЛ.

Хидинк последната работа ја имаше како привремен тренер на Челси, а во кариерата ги има водено ПСВ, Реал Мадрид, Валенсија, Бетис, како о Холандија, Јужна Кореја, Австралија, Русија и Турција.

Новиот тренер би можел да биде дознаен наредната недела, а оваа позиција би можел да ја добие и Шекспир, но тоа зависи од неговиот резултат против Ливерпул во понеделник.

Лестер се наоѓа во тешка ситуација и се наоѓаат пред испаѓање од ПЛ.