Верлајн доби зелено светло за деби во Заубер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Заубер, Верлајн во вторник по прв пат ќе се најде зад воланот на Заубер откако ги помина лекарските прегледи.

Верлајн го повреди грбот во судирот во текот на трката на шампионите, која пред неколку недели беше одржана во Мајами, па затоа ги пропушти и тестирањата.

Младиот Германец присуствуваше на тестирањата, но неговото место во болидот го завзема резервниот возач Доминаци.

Верлајн последната недела дополнително ќе работи за да биде подготвен за тестирањата, а во понеделникот ги помина прегледите во Барселона.

Вторите тестирњата започнуваат во вторник, а шампионатот започнува на 26-ти март со трката за ГН на Австралија.