Монако го „уништи“ Каен, два голови на Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Монако во Каен во натпреварот од 30-то коло во Лига 1 победи со 3:0.

Монако без поголеми проблеми стигна до победата, 22-ра во сезоната и сега има 6 бодови повеќе од ПСЖ, но и натпревар повеќе.

Јунак на Монако беше Мбапе, кој во 13-та и 81-та минута постигна гол.

Во стрелците се запиша и Фабињо, кој во 49-та минута постигна гол од пенал.

Монако во следното коло игра против Анже, а ако продолжи вака многу веројатно е дека ќе ја освои титулата.