„Харт би требало на крајот на сезоната да замине во Јувентус“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот голман Џо Харт на крајот на сезоната ќе се врати во Манчестер Сити затоа што му завршува позајмицата во Торино.

Харт на почетокот на оваа сезона замина на 1-годишна позајмица во Торино затоа што Гвардиола му кажа дека не смета на него за сезоната.

Иако Торино имаше планови да го откупи овој голман, по се изгледа дека англискиот голман има поинакви планови.

Поранешниот голман Дејвид Џејмс изјави дека му е жал затоа што нема место за Харт во Сити, но додаде дека Харт би требало да замине во Јувентус.

„Да сум на негово место, јас би барал начин да заминам во Јувентус. Буфон наскоро би требало да оди во пензија и мислам дека Харт е добра замена. Враќањето во Англија можеби не би бил вистински избор.“