Шпанец си заминува од Баерн Минхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанецот изјави дека е незадоволен во Баерн Минхен и најави враќање во татковината.

Левиот бек на Баерн Минхен следната сезона најверојатно ќе гледаме во Ла Лига.

Тој гостувајќи во една радио емисија во Шпанија призна дека не му се допаѓа минутажа во Баерн Минхен и се надева дека ова лето ќе се врати во Шпанија.

Хуан Бернат во 2014-та година стигна во Минхен од Валенсија и досега има одиграно 90 натпревари во сите натпреварувања во дресот на Баерн и постигнато 4 погодоци.

Германските медиуми шпекулираат дека неговата следна дестинација би можела да биде Атлетико Мадрид. Баерн е спремен на јорганџиите да му го понуди Бернат во замена за Тео Ернандез.