Иско – Ова е понудата и по се изгледа дека нема да се предомислува!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откриено е што му нудат, а како што се развива ситуацијата, крајот на трансфер приказната е блиску.

Иско доби понуда од Реал за продолжување на договорот. Јасно, Реал нема да ризикува да влезе во последната година на договорот и евентуално да замине во Барселона како слободен играч во 2018.

Се појавија приказни дека Барселона ќе му плати 20 милиони само за да остане во Реал до наредното лето и потоа како и Енрике во минатото.

„Новинарите шират различни приказни.“

Тој одби понуди од Англија, пред се Тотенхем, а го сакаат Сити и Јувентус, но Реал по се изгледа дека ќе го убеди да остане.

Договорот е примамлив, односно 6 милиони по сезона, а би траел уште 6 години.

Тој тврди дека неговиот проблем не се парите туку желбата дека сака да игра.

„Кратка е кариерата, не можам да седам на клупа.“

Но во последно време не игра и други играчи добиваат шанса наместо него.

Ако така продолжи до крајот на сезоната, тоа би можело да биде решавачко за одлуката за неговата иднина.