Ќе има оган во Евертон – Лукаку и Баркли донесуваат 110 милиони евра, половина веднаш одат на голман и дефанзивец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првите ѕвезди заминуваат во поголеми клубови, а Роналд Куман ќе добие голем буџет за засилувања и на мета веднаш има двајца.

Евертон има уште една просечна сезона во свој стил. Далеку од борбата за опстанок, но недоволно за на врвот. Најверојатно ќе изборат пласман во Европа.

Ромелу Лукаку му соопштил на клубот дека сака да оди во друг клуб, а Рос Баркли е на искушение. На мета е на најголемите англиски клубови и би можел да тргне по стапките на Лукаку.

Ако Евертон ги продаде двајцата најдобри ќе заработи минимум 110 милиони евра за оштета.

Лукаку одби нов договор, но актуелниот му е до 2018-та година. Иако Евертон сака да го задржи свесни се дека од притисокот на незадоволниот фудбалер нема ништо и дека единствено решение е да го продадат. Минатото лето се споменуваше ПСЖ и цифрата од 70 милиони евра, но сега ситуацијата е различна. Се шпекулира дека Лукаку се согласил на договор со Челси преку агентот Мино Раиола и дека оштетата ќе изнесува околу 70 милиони евра.

На сините нема да им биде проблем да платат 70 милиони евра за белгиецот бидејќи многу повеќе ќе заработат на продажбата на Диего Коста во Кина.

Што се однесува до Баркли уште не се знае што ќе биде со него. Ни тој не е задоволен во Евертон, а понуди има се повеќе. Цената на Баркли изнесува околу 40 милиони евра, порано Жозе Мурињо беше негов фан и се обиде да го доведе во Челси. Не е исклучено сега да го повика кај ѓаволите, а Арсенал и Тотенхем исто така се заинтересирани за него.

Куман сака прво да ја засили одбраната и на мета има голман и дефанзивец. Најголемата желба е дефанзивецот на Барнли, Мајкл Кин кој со својот настап оваа сезона привлече големо внимание. Јирген Клоп загриза за него, но градскиот ривал е спремен да плати 30 милиони евра за англискиот репрезентативец.

Следната желба е голманот на Сандерленд, Џордан Пикфорд. Со Дефо единствена светла точка кај црните мачки оваа сезона. Ако Сандерленд испадне како што очекува, Пикфорд сигурно ќе го напушти северот на Англија, а Евертон е спремен да плати 20 милиони евра за него.