Рикардо Родригез во Серија А?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот лев бек на Волфсбург и швајцарската репрезентација најверојатно во ова лето ќе ја промени средината.

„Волците“ од тим кој за малку ќе го исфрлеа мадридски Реал во 1/4 финалето на ЛШ станаа тим кој се бори за опстанок во Бундеслигата.

Поради лошата ситуација, неколку играчи веќе го напуштија клубов, а во ова лето тоа може да го направи и левиот бек Родригез.

Не е тајна дека преферира премин во Серија А, а според зборовите на неговиот агент, два клупа се во игра.

„Тој поминува низ многу тешка ситуација. Беа во четвртфинале на ЛШ со Реал, а сега се борат за опстанок.

Наполи? Џунтоли (с.д Наполи) и јас се знаеме, но никогаш не сме зборуваме за Рикардо. Не постои официјален контакт, но овие денови секој играч сака да игра за Наполи, тоа е голем клуб“, изјави Џанлука ди Доменико, агент на фудбалерот на Волфсбург.

Познато е дека и Интер покажува голем интерес, а Ди Доменико имаше што да каже и на таа тема.

„Аусилио (с.д Интер) и јас зборувавме за Родригез, во текот на едно интервју, но сакам да избегнувам да коментирам било што, да не дојде до забуна“, рече агентот на Родригез.