„Не ја оставам работата недовршена!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ е човек за кој не треба да се зборува многу.

Каде и да се појави Ибра, спектаклот е загарантиран, а оваа сезона Златан игра одлично и на 35 години.

Иако често се споменува негово заминување на крајот на сезоната, тој кажа дека не се занимава со такви приказни.

„Личноста која влегува посветено во се. Тоа што е важно, никогаш не го оставам недовршено. Ќе ја одработам мојата работа и ќе заминам.“

„Ќе видиме што ќе се случи. Сите опции се можни, но има уште многу време до крајот. Уживам во Јунајтед и ова без сомнеж е еден од најголемите клубови во светот. Сега имаат и еден од најдобрите тренери.“

Ибра наводно добил голема понуда од Галакси, но како што стојат работите, тој ќе остане во Јунајтед.