„Ван Гал ме направи робот!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч на Јунајтед, Шнајдерлин изјави дека никогаш не бил задоволен од третманот на поранешниот тренер Ван Гал.

Тој играше минатата сезона по наредбите на тој тренер и немаше многу простор да донесува многу одлуки на теренот.

„Првата сезона со Ван Гал беше многу тешка. Не уживав воопшто на теренот. Ми остави малку слобода во играта, иако имав многу искуство во ПЛ. Со него како тренер, се чувствував како робот. Тој постојано ми даваше инструкции и не ми даваше слобода.“

Шнајдерлин денес е член на Евертон за кој оваа сезона одигра 9 натпревари и постигна 1 гол.