Експлозија во Дортмунд! Нападнат автобусот на Борусија, повреден Марк Бартра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот против Монако под знак прашалник.

Шок во Дортмунд. Неколку часа пред почетокот на четвртфиналето помеѓу Дортмунд и Монако се случи голема несреќа.

Тимскиот автобус на милионерите го зафати експлозија на некои десет километри од Вестфален. Експлозијата се случи на улицата на која поминуваше автобусот на Дортмунд, а полицијата се обидува да утврди дали се работи за терористички напад.

Клубот го потврди инцидентот на Твитер, а Марк Бартра е повреден во експлозијата и се наоѓа на патот кон болницата. Шпанецот се наоѓа во критична состојба.