Дортмунд испрати порака на сите навивачи пред утрешниот меч


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Монако е одложен вечерва после експлозија која се случи на час време пред почетокот на мечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Три експлозии се случија вечерва пред автобусот во кој се наоѓаа играчите на германската екипа.

Во експлозијата повреден е Марк Бартра кој е однесен во болница и за среќа не е сериозно повреден.

Борусија Дортмунд после тоа објави дека натпреварот нема да се игра вечерва, веќе дека ќе биде одигран утре од 18:45 часот.

Исто  така, германскиот клуб најави дека утре ќе се воведат многу мерки на сигурност за навивачите пред почеток на натпреварот.

Дортмунд ги откажа сите туристички посети на стадионот, односно навивачите нема да можат да го посетат стадионот на оваа екипа.

Ова им го предложи германската полиција бидејќи постои можност за некој да внесе експлозив на стадионот на Дортмунд.

Сеуште не е познато дали ова беше терористички напад и не се знае кој е одговорен за експлозијата која вечерва го здрми Дортмунд, но и целиот фудбалски свет.