Бака во лето се сели во Лондон?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карлос Бака од лето најверојатно повеќе нема да биде фудбалер на Милан.

Бака беше на пазарот и минатото лето и за малку Милан ќе го продадеше на Вест Хем за 30 милиони евра. Тогаш Бака не ги договори личните услови, но сега е јасно дека заминнува.

Против Емполи почна од клупата, шанса доби од првата минута Лападула и тоа е порака за него.

Според медиумите, Арсенал е заинтересиран за Бака, кој го сакаше и во јануари.

30-годишниот напаѓач постигна 14 голови во 30 настапи оваа сезона за Милан.